19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕкслузивниот Ferrari F12 со 780 ks (фото)

Екслузивниот Ferrari F12 со 780 ks (фото)

tf ferrari

Штотуку „FIAT“ ги понуди акциите на „Ferrari“ на берзата во Њујорк, производителот на супер-спортски автомобили од Маранело претстави нов модел од ограничена серија – „F12tdf“ (Tour de France).

Врз основа на моделот „Ferrari F12 Вerlinetta“, „tdf“ добива погон од познатиот „V12“ мотор со зафатнина од 6.262 ccm, кој за оваа прилика е помоќен за 40 „коња“.

Aвтомобилот располага со 780 ks (574 kW) при 8.500 o/min и 705 Nm достапни на 6.750 o/min.

tf ferrari1

Моќта на тркалата се пренесува по пат на подобрениот „F1 DCT“ менувач.

Благодарејќи на сите подобрувања, „F12tdf“ е во состојба од место до „стотка“ да забрза за 2,9 секунди, додека од 0 дo 200 km/h стигнува за само 7,9 секунди.

Според информациите, максималната брзина на ова возило изнесува 340 km/h.

tf ferrari2

Од „Ferrari“ соопштија дека на тест патеката „Fiorano“, автомобилот извозел круг за само 1 минута и 21 секунда.

Покрај моќниот мотор и подобрениот менувач, „F12tdf“ се разликува од „Вerlinettа“ и по подобрената аеродинамика и системот за суспензија.

Засега цената на овој автомобил не е соопштена, а се планира производство на ограничена серија од 799 единици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП