28 април, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПНеделен хороскоп - 12.10.2015 до 18.10 2015

Неделен хороскоп – 12.10.2015 до 18.10 2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

 

ЉУБОВ: Внимавајте оваа недела, некој немирен црв ќе ви се замота во главата и нема да ви даде мир. Би можеле да се вовлечете во невоља со партнерот поради тајните состаноци со некое друго лице.

РАБОТА: Ќе бидете малку ексцентрични, но како и секогаш одговорни. Не им дозволувајте на емоциите претерано да ви се мешаат во работата. Се поготвуваат некои новости за кои ќе мора да покажете малку трпение.

ЗДРАВЈЕ: Нервозата ви го намалува имунитетот.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

 

ЉУБОВ: Не сте баш задоволни со својот љубовен живот. Се чини дека оваа недела ќе се повлечете во себе и ќе си размислувате што навистина сакате од вашиот партнер. Потоа ќе ви биде многу полесно да ја донесете конечната одлука. Обидете се на партнерот да му пристапите на дипломатски начин.

РАБОТА: Приватниот живот можно е малку да настрада поради деловниот живот. Останете флексибилни и прилагодете се бидејќи оваа недела во деловна смисла нема да биде многу едноставна. Некои работи ќе морате да ги земете во своите раце со цел да стигнете таму каде што сакате.

ЗДРАВЈЕ: Потребни ви се позитивни мисли со цел да си го средите психичкиот живот.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

 

ЉУБОВ: Ова е одличен период за подобрување на односите со саканото лице. Вашиот владетел Меркур во Вага ќе ја разбуди романтиката во вас. Бидете искрени со блиските лица и немојте да ги лажете за банални работи, тоа може многу скапо да ве чини.

РАБОТА: Ова е позитивен деловен период во кој ќе имате многу корист, но само ако сработите се што се бара од вас. Пред вас се отвораат некои нови креативни можности, под влијание на Меркур. Кога станува збор за парите, ќе мора малку да се стегнете и да внимавате.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

 

ЉУБОВ: Расправиите за сексот и парите можат да го расипат вашиот семеен рај. Секој од партнерот го сака најдоброто, но потребно е понекогаш да имате разбирање доколку партнерот не е подготвен да ви даде токму тоа што го сакате.

РАБОТА: Следете го својот инстинкт дури и кога ви се чини дека ве води во погрешна насока. Некои работи не се видливи во овој момент, но наскоро ќе ви станат појасни. Венера во Вага ви дава сила за истражување на некои нови правци за кои досега не сте биле заинтересирани или сте се плашеле од нив.

ЗДРАВЈЕ: Потребен ви е одмор и подолг сон.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

 

ЉУБОВ: Нагласените планети во приватниот живот продолжуваат и оваа недела. Имате силна потреба за некоја промена и поголема слобода. Поради ова некои од вас можат да ги прекинат своите долги врски. Ќе бидете емоционално напнати.

РАБОТА: Промените во деловниот живот кој неодамна ви ги нагласил некој, ќе биде потребно да ги почитувате и применувате. Не се откажувајте, само напред, дадете колку што можете повеќе, за на крајот да земете повеќе.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на уринарниот тракт.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

 

ЉУБОВ: Во моментов во вашиот живот постои вистински хаос. Не ги занемарувајте вашите лични потреби за да му угодите на партнерот. Кажете го јасно вашето мислење. Нема да можете љубовната врска сами да ја држите под контрола.

РАБОТА: Приликите ви се нижат пред носот, но мора да бидете одлучни која ќе ја одберете со цел да не се загубите во лавиринтот од прилики. Во комуникациите настојувајте да бидете поотворени и поискрени.

ЗДРАВЈЕ: Поради зголемениот стрес можно е да почувствувате промени кај бубрезите.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

 

ЉУБОВ: Нагласокот на љубовниот и приватниот живот продолжува и оваа недела. Можно е да се случат поголеми промени па дури и драматични пресврти. Можно е да западнете во невоља бидејќи ќе се обидете да го пренагласите вашето мислење пред блиските лица. Не се наметнувајте, тоа не е културно.

РАБОТА: Можно е да ви се зголемат приходите со некоја игра на среќа. Ќе бидете многу друштвени па за сите колеги ќе најдете време да си направите муабет. Не се распрашувајте за нивните финансии и приватниот живот, бидејќи некој може брутално да ви покаже каде ви е местото.

ЗДРАВЈЕ: Потребен ви е одмор, обврските ве исцрпуваат.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

 

ЉУБОВ: Ова недела ќе морате малку да се контролирате, бидејќи Сатурн во Стрелец ве прави неумерни кога станува збор за задоволувањето на вашите потреби во било која смисла. Имате потреба за поголема слобода и независност, кажете му го тоа на вашиот партнер.

РАБОТА: Не е злато се што сјае. Тоа е особено важно кога станува збор за работата и недвижностите. Динамичниот и агресивен Марс во Девица ви ја дава потребната енергија да направите се како што треба. Не и попуштајте на својата лакомост, може да ве однесе на погрешен пат.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

 

ЉУБОВ: Поради вашиот детинест пристап со кој на сите им создавате насмевка на лицето ќе бидете омилени во друштво на пријателите, партнерот и семејството. Оние слободните ќе имаат неколку прилики за флерт поради што ќе останат будни цели ноќи.

РАБОТА: Се трудите да се соочите со промените кои настапија, но всушност сте на погрешен пат. Не можете да го контролирате секој аспект од животот, а ниту од деловниот свет. Некои сплетки на работното место можно е да донесат солзи во вашите очи.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со дигестивниот систем.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

 

ЉУБОВ: Големи се шансите позитивниот љубовен период да продолжи и оваа недела. Ќе морате малку повеќе да му се посветите на вашиот партнер и да го слушате што зборува. Комуникацијата ќе ви биде малку забавена, но реална.

РАБОТА: Сонцето и Меркур во Вага ви носат недела во која ќе биде најдобро да ги завршите сите започнати работи. Ќе биде потребно да им се посветите и на финансиите. Јупитер ви носи нови можности, особено кога станува збор за совладувањето на нови вештини.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со срцето и дигестивниот систем.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

 

ЉУБОВ: Сонцето кое доаѓа до крајот на Вага конечно ви носи недела во која ќе морате себе си да се ставите пред сите други. Бидете малку горди на себе и своите постигнувања. Обврските кон партнерот и семејството лесно ќе ги извршувате.

РАБОТА: Ако сте инвестирале во своето знаење и сте напредувале, сега е одлично време сето тоа да ви се врати назад во вид на поголеми финансии. Оваа недела, а можно е и наредната, ќе уживате во погодностите кои ќе ви бидат понудени од сите страни.

ЗДРАВЈЕ: Ќе се чувствувате исцрпено, земајте повеќе витамини и минерали.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

 

ЉУБОВ: Конечно доаѓа период на олеснување. Некои работи едноставно ќе ги решавате. Ќе имате одлична поддршка од партнерот во сите ваши намери. Доколку дојде до кавга во семејството, размислете два пати пред да кажете нешто иронично.

РАБОТА: Венера во Девица ви носи интересен период и зголемени финансии. Не се потпирајте на лицата со кои малку работите, можно е да ве излажат. Ќе мора да поработите малку повеќе на вашите вештини кои во блиска иднина ќе ви бидат повеќе од потребни.

ЗДРАВЈЕ: Можни се мали главоболки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП