1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan инвестира 80 милиони евра во производството на Navara (фото)

Nissan инвестира 80 милиони евра во производството на Navara (фото)

pro navara

Јапонската компанија „Nissan“ ќе инвестира околу 80 милиони евра во производство на пикапот „Navara“ кое ќе се одвива во фабриката на брендот во Барселона. Ова го соопшти шефот на „Nissan Europe“, Пол Вилкокс.

Изборот на компанијата воопшто не е случаен, бидејќи токму експертите од дизајнерскиот центар на „Nissan“ во Барселона имале главно учество во развојот на моделот, како и на неговиот 2,3-литарски дизел мотор. Освен тоа, во Шпанија се произведуваат сопирачките системи и елементи од управувачот на пикапот.

pro navara1

Заедно со „Navara NP300“ во фабриката ќе започне и производство на уште два пикапи на „Renault“ и „Mercedes-Benz“, кои ќе ги користат компонентите од јапонскиот модел. Предвидено е годишниот обем на производство во фабриката да е 120.000 примероци од трите модели.

Се очекува францускиот и германскиот пикап да се појават на пазарот најдоцна до средината на 2016-та година.

pro navara2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП