17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОвогодишни лауреати на Табернакул се Херта Милер и Том Стопард

Овогодишни лауреати на Табернакул се Херта Милер и Том Стопард

Skulptura-Tabernakul

По трет пат книжевната академија Табернакул (во состав: Ферид Мухиќ, Горан Стефановски, Венко Андоновски, Цветан Враживирски и претходните добитници на наградата Милан Кундера, Љубивоје Ршумовиќ, Орхан Памук и Виктор Ерофеев) ја доделува истоимената книжевна награда. Овогодишни лауреати се германската писателка Херта Милер и британскиот драмски автор Том Стопард.

Целта на оваа книжевна награда е да ги промовира најзначајните, светски признати книжевни вредности на македонски јазик, како и да покаже дека Македонија е земја со долга книжевна и културна традиција, земја што покажува особена почит за сите актуелни книжевни и културни глобални достигнувања.

stoppard-portrait_1561325c

Книжевната награда Табернакул ја претставува бронзена скулптура чиј автор е академскиот вајар Горан Стаменков.  Лауреатите, исто така, добиваат и златник од Книжевната академија Табернакул, како и паричен износ од 5.000 евра.

Herta Miler

Оваа година свеченото доделување ќе биде на 15 октомври во Скопје. И двајцата добитници ќе присуствуваат на доделувањето. Претходниот ден ќе се одржи прес-конференција со добитниците.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП