28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAir France превезла 8,3 милиони патници

Air France превезла 8,3 милиони патници

airfrance154

Бројот на патниците во авионите на француско-холандската групација „Air France-KLM“ во септември порасна за 1,8 проценти, на 8,3 милиони патници, покажуваат корегираните податоци.

До растот дошло благодарение, пред се, на развојот на нискобуџетната компанија „Transavia“ во Франција. Податоците не го земаат во предвид периодот на штрајк.

Бројот на патници кои во септември ги превезла „Transavia“ пораснал за 8,4 проценти на 1,2 милиони, со коефициент на исполнетост од 91,6 проценти, пренесува АФП.

Втората нискобуџетна компанија „HOP!“ заедно со компаниите „Air France“ и „KLM“ во септември превезла 7,1 милиони патници, што е раст од 1,6 проценти, не сметајќи ги податоците од периодот на минатогодишниот штрајк на пилотите, пренесува АФП. Коефициентот на исполнетост на капацитетите пораснал за 0,5 процентни поени, на 86,8 проценти.

Активноста на карго службата на ниво на групата се намали за 10,8 проценти, а исполнетоста на карго капацитетите е намалена за 6,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП