4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА ќе го казни ПСЖ

УЕФА ќе го казни ПСЖ

псж

Екипата на ПСЖ поради кршење на правилата на финансискиот фер-плеј би можела следната сезона да биде исфрлена од европските купови, доколку УЕФА се одлучи да ги казни.

Европската куќа на фудбалот го почна финансискиот фер-плеј во 2009-та година за да ги натера клубовите да ја намалат потрошувачката и своите расходи да ги израмнат со приходите. Краен рок за имплементирање на ова правило беше токму оваа 2013-та година, а ПСЖ се уште троши многу пари на засилувања и покрај тоа што приходите се далеку помали.

Клубот од Париз е еден од најбогатите на светот, сопственост е на компанијата Катар Инвестмент, но тоа не му дава дозвола да се однесува поинаку од другите клубови. Од 2011-та година ПСЖ донесе еден „куп“ скапи фудбалери: Златан Ибрахимовиќ, Тиаго Силва, Лукас Моура, Дејвид Бекам, Езекиел Лавеци и многу други, а за нив секоја година одвојува над 400 милиони евра за плати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП