9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSubaru го покажа дизајнот на идните модели (фото)

Subaru го покажа дизајнот на идните модели (фото)

future viziv

„Subaru“ претстави два нови прототипи – „VIZIV Future“ и „Impreza 5-Door“, чија премиера пред публиката ќе се одржи на автосаемот во Токио на крајот на месецот.

Првиот од двата модели треба да покаже како јапонскиот производител гледа кон своите идни автомобили, додека вториот го открива дизајнот на следната генерација на „Impreza“.

future viziv1

Концепт кросоверот „VIVIZ Future“ е опремен со хибриден агрегат, чија конструкција е слична на онаа на „XV Crosstrek Hybrid“. Од компанијата не ја објавија моќноста на двата агрегати, како и на какви батерии се потпира тој.

Сепак беше прецизирано дека во хибридниот агрегат е вклучен бензински турбо мотор, кој е поставен во неодамна претставениот модел „Levorg“. Во Јапонија овој модел доаѓа со турбо мотори со зафатнина од 1,6 и 2,0 литри, односно со 170 и 300 КС.

future viziv2

Од „Subaru“ дополнуваат дека „VIZIV Future“ е опремен со систем за погон на сите четири тркала. За задните тркала одговара посебен електромотор, дозволувајќи му на производителот да се лиши од тунелот на трансмисијата и соодветно ослободува повеќе простор во кабината.

Концепт моделот располага и со систем за безбедност „EyeSight“. Тој работи во комбинација со навигацијата, а помага за спречување на судир не само при движење напред, но и при вртење или рикверц. Автомобилот добил уште систем за автономно движење и асистент за паркирање.

future viziv4

Што се однесува до прототипот „Subaru Impreza 5-Door“ (на последните две слики), јапонскиот производител засега не соопштува никакви детали. Единствено беше откриено дека тој покажува како ќе изгледа следната генерација на „Impreza“.

future viziv5

future viziv6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП