
Од четврток до сабота, во Кино „Мис Стон“ во Прилеп традиционалнао ќе се одржи Фестивалот на новиот германски филм.


Од четврток до сабота, во Кино „Мис Стон“ во Прилеп традиционалнао ќе се одржи Фестивалот на новиот германски филм.
Отворањето на 11 издание на фестивалот е во четврток, во 19.30 часот, а ќе присуствува и германската амбасадорка, Кристине Д. Алтхаузер.
Фестивалот на новиот германски филм има посебно место не само во прилепскиот, туку и во македонскиот културен живот и претставува доживување за сите љубители на германскиот јазик.
И годинава фестивалот понудува најнови германски продукции, со што ќе се прикаже разноликоста на германската кинематографија. На програмата се филмови од најразличен жанр. Тие го опфаќаат времето на Шилер и Гете, па се до денешницата, каде што се појаснуваат предизвиците на мултикултурното општество. Не е изоставен ниту начинот на справување со сопствената минливост. Се разбира оставен е простор и за најмладите.
Филмови што ќе се прикажуваат во кино „Мис Стон“ – четврток 8. Октомври во 19.30 часот – „Роден во болка“, режија Флориан Шварц ( криминалистички филм), петок 9. Октомври во 18 часот – „Феникс“, режија Кристиан Пецолд, (драма) во 20 часот – „Хакери“, режија Баран бо Одар, (трилер).
Во сабота, на програмата се три филма и тоа од 16 часот – „Лола на грашокот“ режија Томас Хајнеман, ( филм за деца), во 18 часот – „Спасете го Рафи“, режија Аренд Агте, (филм за деца) и во 20 часот – „300 збора германски“, режија Зили Аладаг, (комедија).