5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИднината пристигна: Volvo XC90 со авто-пилот (фото+видео)

Иднината пристигна: Volvo XC90 со авто-пилот (фото+видео)

au pilot

„Volvo“ го претстави автономниот систем „IntelliSafe Auto-Pilot“ кој ќе му овозможи на возачот дел од патот да го мине вршејќи некои други обврски или да се одмора, додека неговиот автомобил безбедно вози кон посакуваната дестинација.

Авто-пилотите на друмските возила повеќе не се научна фантастика. Многу од производителите вршат тестирање на системи за автономно возење, а некои веќе ги вградуваат и во сериските модели.

Технологијата која ја развива „Volvo“ е фокусирана на што поедноставно и побезбедно минување од мануелно возење на авто-пилот, и обратно.

au pilot1

Со оглед дека, барем во почетокот, само одредени делници од патот ќе бидат предвидени за автономно возење, првиот чекор е системот да ги препознава таквите делови од автопатот или други сообраќајници, и да го извести возачот дека може да му го препушти управувањето на возилото.

Потоа, возачот со истовремено притискање на двете копчиња на воланот го активира авто-пилотот, а автомобилот го информира дека тој ќе ја превземе натамошната контрола над воланот.

Што понатаму ќе прави возачот, тоа е негова работа. Би било добро кога би можел да го навали седиштето и малку да се опушти, или да погледне некое видео на екранот од мултимедијалниот систем, но мали се шансите дека современиот ритам на животот ќе му го дозволи тоа.

Поголема е веројатноста дека ќе ги прегледува службените електронски пораки или да заврши други заостанати обврски.

au pilot2

Како и да е, откако возилото ќе го мине делот од патот на кој е дозволено автономно возење, системот повторно ќе се огласи и ќе го предупреди возачот дека наскоро ќе мора да го превземе управувањето над автомобилот.

Доколку возачот заспие или од било која друга причина не го стори тоа на време, автомобилот безбедно ќе застане покрај патот.

Погледнете како функционира „IntelliSafe Auto-Pilot“:

„Volvo“ за почеток ќе опреми 100 прототипови од моделот „XC90“ со овој систем, со цел да може да ги тестира во реални услови на сообраќај.

Oвие возила ќе бидат дел од „Drive Me“ проектот за автономно возење кој ќе стартува во 2017-та година го Гетеборг и околината.

Потоа, планирано е „IntelliSafe Auto-Pilot“ да се понуди како опција и во сериските модели на компанијата „Volvo“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП