24 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota презадоволна од продажбата на својот модел на водород

Toyota презадоволна од продажбата на својот модел на водород

tm 00

Јапонскиот производител соопшти дека само во САД досега има добиено повеќе од 1900 нарачки за моделот „Mirai“ кој како гориво користи водород.

„Toyota Mirai“ официјално во Америка се продава од август 2015-та, а од компанијата велат дека интересот на купувачите во оваа земја ги надминала предвидувањата.

Затоа купувачите ќе мораат малку подолго да чекаат на испораката на возилата, со цел производството да ја стигне побарувачката.

„Toyota“ во 2014-та соопшти дека САД ќе биде најважниот пазар за „Mirai“ и дека има намера до крајот на 2017-та во оваа земја да продаде повеќе од 3.000 од овие возила. Најверојатно, продажниот план ќе биде надминат многу порано.

Автомобилот на „Toyotа“ на водород во Америка чини 57.500 долари, несметајќи ги државните субвенции кои, во зависност од сојузната држава во која „Mirai“ продава, можат значително да ја намалат цената на овој автомобил.

tm 01

Јапонскиот производител има намера во иднина да ја прошири гамата на модели кои како гориво користат водород, откри главниот инженер задолжен за развој и производство на моделот „Mirai“, Јошиказа Танака.

Тој не објави повеќе детали за плановите на „Toyotа“, но магазинот „Auotcar“ известува дека во план се возила од различни автомобилски сегменти, вклучувајќи хечбек модели и кросовери.

Танака верува дека во наредните 10-20 години возилата кои како гориво користат водород често ќе се гледаат по патиштата, како што тоа денеска се хибридите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП