9 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНаучниците ја проблематизираат ефикасноста на дополнителното земање калциум

Научниците ја проблематизираат ефикасноста на дополнителното земање калциум

calcium1

Научниците од Нов Зеланд ја доведуваат во прашање потребата од внесување дополнителни количества калциум поради јакнење на коските, бидејќи нивното истражување од кое резултатите се објавени во списанието BMJ покажало дека со дополнителните количества не го намалуваат ризикот од фрактури.

Научниците ги проучувале резултатите од низа истражувања на десетици илјади испитаници со коишто се анализирани ефектите на калциумот во исхраната како додаток во исхраната, и проучувале дали дополнителните количества калциуми влијаат на густината на коските и ризиците од скршеници кај лицата повозрасни од 50 години.

Заклучиле дека истражувањата покажуваат дека зголеменото внесување на калциумот преку исхраната или суплементи ја зголемува густината на коските за околу два отсто. Тој пораст на густината, меѓутоа, не е доволен да го намалува ризикот од кршење на коските.

Ја проучувале и директната поврзаност на внесените количества калциум и ризиците од фрактури и заклучиле дека не постои врска меѓу количествата на внесениот калциум преку храната и опасноста од скршеници. Многу ограничена поврзаност, односно благо намалување на ризикот од фрактури воочиле во случајот на земање калциум како додаток во исхраната, на пример во апчиња. Меѓутоа, оценуваат дека тие докази се „слаби и недоследни“.

Инаку ова не прво истражување коешто сугерира дека внесувањето на дополнителни количества на калциум во организмот не го подобрува коскеното здравје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП