18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVesta ја предводи новата генерација возила на Ladа (фото+видео)

Vesta ја предводи новата генерација возила на Ladа (фото+видео)

vesta 00

„Lada“ полека ги губи визуелните карактеристики по кои со децении беше препознатлива. Неугледниот и застарен дизајн постепено замина во историјата, а старите модели им го предадоа местото на возилата со современ изглед.

„AvtoVAZ“ го стартуваше сериското производство на новиот модел – компактниот седан „Vesta“. Автомобилот се изработува во фабриката во Ижвеска, а почетокот на продажбата на рускиот пазар е закажан за 25-ти ноември.

vesta 01

Продукциската верзија не се разликува до концептот кој беше претставен во 2014-та година, а компанијата планира до крајот на оваа година да произведе 5.000 возила.

Моделот „Vesta“ е поставен на целосно нова механичка платформа (Lada B / C) која инженерите од компанијата „AvtoVAZ“ ја развија со помош на колегите од групацијата „Renault – Nissan“.

vesta 02

Возилото е долго 4.410 mm, широко 1.764 mm, a високо 1.497 mm. Meѓуосовинското растојание од 2.635 mm гарантира солиден комфор за патниците кои се возат на задните седишта, додека зафатнината на багажникот изнесува задоволувачки 480 литри.

„AvtoVAZ“ соопшти дека 71 процент од компонентите во новиот модел се изработуваат во Русија (60 отсто во погонот во Тољати), влучувајќи го моторот и менувачот.

vesta 03

„Vesta“ има 1.6-литарски бензински мотор (16V) со 106 ks, додека преносот на моќта на тркалата се реазлизира со помош на петбрзински мануелен менувач кој е позајмен од „Renault“.

На купувачите подоцна ќе им биде достапен и автоматски менувач, како и послаб 1.6-литарски бензинец (8V) со 87 ks.

vesta 04

Предвидено е понудата на мотори да биде проширена со 1.6-литарскиот бензинец со 114 ks на „Nissan“.

Кога станува збор за продажбата, производителот ќе се фокусира на домашниот, руски пазар, каде „Vesta“ ќе се бори да го превземе приматот од седаните „Hyundai Solaris“ и „Kia Rio“ (вториот и третиот најбаран модел во Русија за 2015-та година).

vesta 05

Цената на овој автомобил ќе изнесува помеѓу 6.200 и 8.000 eвра.

По „Vestа“, на пазарот би требало да се појави и вториот најавуван модел од новата генерација на возила на „Ladа“.

Во план е производство на кросоверот „X Ray“ и караван верзијата „Vesta Cross“, чиј концепт беше претставен на крајот на август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП