27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBASF најави намалување на капиталната потрошувачка

BASF најави намалување на капиталната потрошувачка

basf_0_0_468X10000

Германскиот хемиски гигант BASF најави денеска дека во следните години ќе ја намали капиталната потрошувачка со оглед на слабиот раст на повеќето пазари, непредвидливите цени на нафтата и осцилациите поврзани со геополитиката.

Бизнис опкружувањето значително се променило во однос на 2011 година кога компанијата ја претстави бизнис стратегијата, прогнозирајќи за периодот од 2015 до 2020 година раст на светската економија за 3,2 отсто. Индустриското производство во целост требаше според тогашните проценки да расте 3,7 отсто, а хемиското производство (без лековите) за четири отсто.

Во меѓувреме, бизнис опкружувањето значително се промени, истакнуваат во BASF, издвојувајќи го послабиот раст на повеќето пазари, непредвидливите цени на нафатата и осцилациите поврзани со геополитиката.

Сега во компанијата за тој период предвидуваат раст на светската економија за три отсто. За хемиската индустрија и натаму очекуваат силен раст отколку во економијата во целост, иако нешто послаб од она што порано го предвидуваа, за 3,9 отсто. Индустриското производство, според прогнозите на BASF, би требало да расте 3,5 отсто.

Во компанијата очекуваат дека оваа година ќе ги остварат зацртаните 10 милијарди евра приходи од продажбата на производи кои се на пазарот од 2010 година. Воедно најавуват дека ќе ја задржат потрошувачката на истражување и развој на околу три отсто од приходите, ако се изземат нафтата и гасот.

Најавена е и нова програма со која во периодот од 2016 до 2018 година планираат да го подигнат нивото на економската ефикасност, со очекуван придонес на годишните бизнис резултати од милијарда евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП