18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗInfiniti го запира проектот Q50 Eau Rouge

Infiniti го запира проектот Q50 Eau Rouge

eeu rouge 22

Од јапонската компанија Infiniti официјално ги потврдија гласините и најавија дека нема да го произведуваат замрзнатиот проект од почетокот на годината.

Ветувачкиот „Q50 Eau Rouge“ беше прикажан на автомобилскиот саем во Женева во 2014-та година. Моделот е инспириран од натпреварувачки дух на Формула 1, каде „Infiniti“ е партнер со „Red Bull Racing“.

Потпретседателот на „Infiniti“ Франсоа Гупил де Буие даде изјавата за време на саемот во Франкфурт пред неколку дена. „Q50 Eau Rouge“ нема да види „бел свет“, бидејќи е прескап проект за да биде произведен со оглед на предвидувањата за продажба на компанијата.

„Првично беше претставен како прототип, но откако беше проценет бројот на продажба, ни стана јасно дека не е реално да го произведуваме. Едноставно беше прескап. Тоа е. Секогаш станува збор за рамнотежа помеѓу трошокот и добивката, па во овој случај ние дадовме предност на нашите трошоци“, рече менаџерот.

По своите карактеристики, „Eau Rouge“ наликува на „Nissan GT-R“, со својот 3,8-литарски би-турбо „V6“ мотор со моќност од 560 коњски сили, кој има погон на четирите тркала (сличен на „GT-R“). Концептот беше замислен како конкурент на „BMW M3“, „Mercedes AMG C63“ и „Audi RS4“. Сепак де Буие не ја отфрла можноста за лансирање на нова серија на модели кои ќе се натпреваруваат со „Mercedes-AMG“, „Quattro GmbH“ и „BMW M GmbH“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП