4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајлуксузното од Франкфурт: Rolls-Royce Dawn (фото)

Најлуксузното од Франкфурт: Rolls-Royce Dawn (фото)

rolsi 00

На актуелниот франкфуртски саем за автомобили се изложени бројни суперлуксузни модели. Сепак, посетителите на кои традицијата им е на прво место, веројатно најмногу внимание посветија на најновиот кабриолет на марката „Rolls-Royce“.

rolsi 02

Иако автомобилот е заснован на купето „Wraith“, производителот промени бројни детали на каросеријата, несметајќи го вградениот платнен покрив.

Речиси целосно безшумниот механизам овозможува покривот автоматски да се подигне за околу 20 секунди, при брзина до 50 km/h.

rolsi 01

Отпорот на воздух е намален благодарение со користењето на „соврешено мазното платно“, па според зборовите на луѓето од компанијата „Rolls-Royce“ надворешната бучава од струењето на воздухот за време на возењето е минимално.

rolsi 03

Кабината која е богата со кожа и дрво, проектирана е за луксузен превоз на 4 лица, а меѓу опциите е и клима уредот со четири зони кој овозможува секој од патниците да ужива во сопствената микроклиматска средина, како и премиум аудио системот со 16 посебни звучници.

rolsi 04

Автомобилот моќта ја добива од 6,6 литарски „V12 twin-turbo“ мотор кој развива 571 ks (420 kW) при 5.250 вртежи, додека максималниот вртежен момент од 780 Nm е достапен веќе на 1.500 o/min.

rolsi 05

„Rolls-Royce Dawn“ до „стотка“ стигнува за 4,9 секунди, a максималната брзина е лимитирана на 250 km/h.

Почетната цена е соодветна на репутацијата на брендот и изнесува 344.000 eвра, a првите испораки ќе започнат во вториот квартал од 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП