18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSkoda го претстави спортскиот Superb (фото)

Skoda го претстави спортскиот Superb (фото)

sucombi

Саемот во Франкфурт продолжува, а со тоа продолжуваат и премиерите. На штандот на „Skoda“ една од главните новини е „особено спортската верзија“ на „Superb“. Тоа е модификација „SportLine“, или нешто слично на „S-Line“ на „Audi“.

Фабричката доработка е целосно визуелна, а исто така вклучува спортска суспензија со намалена за 15 мм до тлото. Единствени за „Superb SportLine“ се тркалата со големина од 19 инчи, со акцент на сјајно црна боја. Моделот уште демонстрира и тонирани стакла, спортски волан со три зраци, различна рачка на менувачот, спортски седишта, алуминиумски педали и декоративни елементи во кабината кои имитираат карбон.

sucombi1

Модификација се нуди како за седан, така и во караван верзија, чија спортска модификација беше откриена за прв пат токму во Франкфурт.

Доработка „SportLine“ не влијае на агрегатите. Со додатоците може да биде опремена речиси секоја верзија на новиот „Superb“. Исклучок прават единствено со основните бензински и дизел мотори, односно 1.4 TSI и TDI 1.6.

sucombi2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП