26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWizz Air најавува набавка на A321 од ЦБП Лизинг

Wizz Air најавува набавка на A321 од ЦБП Лизинг

wizz-air111

Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, денес го најави потпишувањето на договорот со ЦДБ Лизинг (одел за лизинг на од Банка за Развој-Кина) за финансирање на шест Аирбас авиони A321ceo, вклучувајќи ги првите два A321s, закажани за испорака подоцна оваа година.

Условите на договорот не се објавени.

„Развивме силна врска со ЦДБ Лизинг, како што продолжуваат да го подржуваат нашиот развој, во моментов финансирајќи ги првите наши A321s”, изјави Јозеф Варади, Главен извршен директор на Wizz Air. “Кога се во функција авионите A321, на повеќе од нашите популарни рути, значително ќе се намалат нашите поединечни трошоци, притоа овозможувајќи ни да продолжиме да нудиме ниски цени и повеќе можности за нашите патници да најдат места на летовите кои ги сакаат.”

Аирбас A321, со поголем труп на авионот за разлика од стандардниот на A320, има поголем капацитет да превезе 230 патници на популарните рути. Wizz Air во моментов функционира со 63 180 – седишта во авионите A320s, а шест од нив се исто така фнансирани од ЦДБ Лизинг и беа доставени во 2014-2015.

Wizz Air ја прими испораката на првиот A321ceo во ноември, додека пак втората во декември. Тие авиони се дел од постоечката нарачка на Аирбас. Wizz Air исто така неодамна ја потврди нарачката на 110 Аирбас нови A321neo кои ако се одобрат од акционерите ќе почнат да се испорачуваат во 2019-та.

ЦДБ Лизинг е со седиште во Шенжен, Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП