6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТорез и доплата за Фалкао

Торез и доплата за Фалкао

torez

Лондонските „сини“ сакаат на тимот од Мадрид да им го вратат некогашното дете од клубот, Фернандо Торез, а притоа да доплатат до конечната сума од 50 милиони фунти колку што од Атлетико бараат за Колумбискиот напаѓач, Радамел Фалкао.

Еворпскиот првак пронајде одличен модус со кој ќе го задоволат раководството на Алтетико и се надеваат дека оваа комбинација ќе им донесе успех. Затоа што доколку дојде трансфер, поточно ако си замине Фалкао, веднаш ќе имаат негова замена. А како што е веќе познато, Торез со голем успех настапуваше во редовите на „црвено-белите“ од Мадрид и се очекува многу брзо да се вклопи во тимот.

Останува да се види дали првите луѓе на Атлетико ќе загризат на мамецот кој им го понудија од Челзи или можеби ќе ја разгледаат понудата која ја очекуваат да дојде од лутиот градски ривал Реал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП