17 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИПоследни денови на Застава

Последни денови на Застава

zastavi 333

Гигантот од времето на социјализмот ги одбројува своите последни денови. Некогашната „Застава“, пред доаѓањето на „Фиат“ е исцепкана и поделена во мноштво помали делови, но формално и натаму постои.

Производството, освен во неколку фирми, речиси и да нема, но надеж се уште има. Со нетрпение се очекува приватизација барем на некои од фабриките кои го преживеаа процесот на реструктуирање кој е започнат уште во 2001-ва година.

Денеска преостанаа фирмите на „Застава“ кои се дел од групацијата „Застава возила“. Најмногу шанси за приватизација има во „Застава инпро“, заштитна работилница во која две третини од вкупно 300 вработени се инвалиди. За оваа компанија која се занимава со производство на автомобилски приколки е заинтересирана француската компанија „Тригано“.

На оваа фирма од Крагуевац би можела да и се придружи и фабриката на „Застава“ за специјализирани возила во Сомбор, а за „Застава камиони“ се заинтересирани дури 12 странски компании. Меѓу нив се и две кинески корпорации – приватната „Хуанг хаи“ и државната „Јак моторс“. Со „Јак моторс“ е потпишан и Меморандум за разбирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП