4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda: Oд велосипед до авион (видео)

Honda: Oд велосипед до авион (видео)

hoki 33

„Honda“ e една од најразноврсните компании меѓу современите производители на автомобили. Во текот на својата историја се има занимавано со развој и производство на погонски и превозни средства за разни видови сообраќај или може да се каже, прават речиси на се што се движи.

За производниот програм на оваа јапонска компанија би можело да се употреби „од игла до локомотива“, само што во случајот со „Hondа“ најточно е да се каже од „велосипед до авион“.

Стартуваа по Втората светска војна со моторизирани велосипеди, потоа преминаа на мотоцикли и автомобили. Следеше продор во авто-мото спортот: мотоциклистички натпреварувања и Формула 1.

„Honda“ денеска се занимава и со производство на погонски единици за разни видови пловила, но изработува и косилки за трева, „квад“ возила…

Врвот во технолошкиот развој го достигна со проектот со човеколикиот робот „Asimo“ и млазниот авион.

Кога станува збор за авто-индустријата, меѓу најновите достигнувања се истакнува и супер-спортскиот модел „NSX“.

Погледнете го краткиот анимиран филм кој ќе ве „прошета“ низ возбудливата историја на „Hondа“:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП