18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРивалот на Teslа од Тајван го дизајнираше Zagato (фото+видео)

Ривалот на Teslа од Тајван го дизајнираше Zagato (фото+видео)

tajvan zagato

Тајванската компанија „Thunder Power“ на саемот во Франкфурт претстави концепт на електрична лимузина која би требало да „украде“ дел од славата на „Teslа Model S“.

Електричниот концепт, за чиј дизајн се потпиша познатото студио „Zagato“ од Милано, има заоблена линија на каросеријата на која се истакнува елипсната маска на ладилникот и „LED“ светлосната група во форма на бумеранг.

tajvan zagato 1

Во внатрешноста, која стилски потсетува на луксузен мебел, доминира бела кожа и детали од дрво и метал.

Наместо ковенционалната инструмент табла, просторот пред возачот и сувозачот го зазема голем дисплеј кој се простира на целата ширина на возилото.

tajvan zagato. 2jpg

На екранот се очитуваат инструмените и другите информации кои се од корист на возачот, како и функциите и содржините на мултимедијалниот систем.

Тајванскиот производител има во план две продукциски верзии.

tajvan zagato 3

Oсвновниот модел ќе добива погон од електромотори со 312 ks (230 kW) и 320 Nm. Eлектричната лимузина ќе забрзува од 0 дo 100 km/h зa помалку од 6 секунди и ќе достигнува 210 km/h.

Во понудата ќе биде и помоќен модел опремен со електричен мотор од 435 ks (320 kW), кoj располага со максимален вртежен момент од 560 Nm.

tajvan zagato 4

Oваа верзија до „стотка“ ќе стигнува за помалку од 5 секунди и ќе биде во можност да развива 250 km/h.

Двата модели ќе се напојуваат со струја од литиум-јонски батерии со капацитет од 125 kWh кои треба да обезбедат автономија на возење од преку 650 km.

tajvan zagato 5

Кога ќе се испразнат, потребно е нешто помалку од 6 часа за повторно да се наполнат од стандарден приклучок кој го има во домаќинствата, тврдат од компанијата „Thunder Power“.

Со помош на брзиот полнач, возилото за половина час полнење ќе добие доволно енергија да мине 300 km, додека батеријата ќе биде потворно полна по еден час.

 

Производителот не соопшти повеќе технички детали, но откри дека автомобилот е поставен на лесна, модуларна механичка платформа која ќе може да се користи за широка палета на електрични модели – од компактни возила до големи кросовери.

Сериското производство би требало да започне во 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП