18 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 21.09.2015

Дневен хороскоп 21.09.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денес речиси сите блиски лица ќе побараат нешто од вас. Вие нема да знаете на кого попрво да му помогнете. Емотивноста ќе ја зголеми партнерот со неговите барања. Веќе не знаете кому да му удоволите. Ако сте осамени, постои шанса да влетате во нова авантура, која ќе ви го подигне расположението.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Плановите кои ги имате се исполнуваат со голема брзина, и тоа ве прави разиграни и весели. Бидете внимателни и не претерувајте со дружењето. Вториот дел од денот е можно да ви падне енергијата и да осетите потреба за повлекување. Ако сте во брак, можна е емотивна реакција од партнерот. Вие не сте подготвени за убедувања, и тоа само уште повеќе може да ја влоши ситуацијата.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Напнатата ситуација на работното место додатно ве оптоварува и имате зголемена потреба за одмор. Партнерот ќе има желба за долги разговори, што може да ви пречи и да ве одвлекува од она што сте го испланирале за денот Во вечерните часови ќе се чувствувате подобро и ќе имате поголема енергија да се справите со дилемите кои ви се вртат низ мислите.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Обврските кои ги имате преземено не можат да чекаат и не трпат одлагање. Затоа, наместо да одморате, ќе мора да работите. Доколку сте во брак или во подолга врска, бидете внимателни и обрнете му внимание на партнерот. Тој има разбирање за вашите обврски, но почнува да се чувствува осамено.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Вие не ги сакате промените и секоја ситуација која ве води во некои промени, ви претставува стрес. Емоциите ви се нагласени и чувствувате напнатост. Имате голема потреба да излезете од тој магичен круг во кој се наоѓате и правите напори да ја смалите емотивноста. Во текот на овој ден ќе се ослободувате од стресот со долги разговори со пријателите и со долги прошетки.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Имате големи шанси да почнете нешто ново на работното место, и не откажувајте се уште на првата пречка. Партнерските односи ви се нестабилни, но овој ден ќе настане примирје и партнерот ќе се однесува многу пријателски. Тој како да насетува дека мислите почнуваат да ви бегаат на друга страна, и чувствува потреба да ви се приближи.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Насочени сте кон заработка и средување на финансиската ситуација. Овие размислувања ќе ве оптоваруваат и овој ден. Чувствувате дека работите полека се средуваат, и сакате да ја искористите зголемената енергија за да почнете нешто ново и да го оставите минатото зад себе. Ако сте слободни, ќе имате шанса да обновите една стара љубов.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денес ќе имате многу убави шанси да поправите некои работи кои ви останале од минатото и да започнете нешто ново. Доколку сте во брак, партнерот ќе сака да се дружи и ќе ја покаже својата емотивна страна. Меѓутоа, нема да ви дозволи да го контролирате. Тоа може да предизвика конфликт меѓу вас. Ако сте осамени, очекувајте враќање на една личност од минатото.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Доколку имате сопствен бизнис, ќе бидете преокупирани со најавите за враќање на некои стари клиенти. Стрелците што се во брак ќе бидат преокупирани со некој амбициозен проект околу семејството и децата. Ако сте слободни, имате зголемена потреба да имате некој покрај себе, кој ќе ве разбере и со кого ќе можете да се дружите. Не можете да ја поднесете самотијата и на секаков начин се обидувате да запознаете некого.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Монотонијата ве убива и ве прави нервозни. Овој ден ќе биде по ваш вкус. Ни во еден момент нема да ви биде здодевно. Ќе посетите повеќе забави и ќе имате можност да сретнете многу пријатели што одамна не сте ги виделе. Ако сте во брак, партнерот ќе се надмине себеси и ќе ви се придружи.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Имате желба да се опуштите и да заборавите на работата. Освен за себе, доза на хедонизам сакате да му овозможите и на семејството. Љубоморните сцени во изминатиот период ве заморија, и време е за малку мир. Меѓутоа, нема сосема да се ослободите од работните обврски.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Амбицијата да бидете први во сe ви е намалена, за сметка на емотивноста. Размислувањата за некои минати времиња ќе бидат во прв план. Ако планирате да отпатувате на неколку дена, очекувајте многу убави моменти кои долго ќе ги паметите. Доколку сте слободни, можни се некои нови почетоци со личност родена во огнен знак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП