12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota ја покажа европската верзија на кросоверот RAV4

Toyota ја покажа европската верзија на кросоверот RAV4

ravi hib

На саемот во Франкфурт „Toyota“ официјално ја претстави верзијата на европскиот хибриден кросовер „RAV4“, опремен со систем за обновување на топлинската енергија.

Американската верзија беше прикажана уште во април, но тогаш од „Toyota“ не ги соопштија точните карактеристики на теренецот. Веќе е познато дека во погонскиот агрегат влегуваат 2.5-литарски бензински мотор кој работи на циклусот на Аткинсон, електромотор и комплет никел-метал хидрид батерии.

Вкупната моќност на погонскиот систем е 197 КС, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 8,7 секунди, а максималната брзина е 180 км/ч. Од „Toyota“ официјално објавија дека просечната потрошувачка на хибридниот RAV4 e 4,9 л/100 км.

ravi hib1

Моделот е опремен со систем за обновување на енергијата при сопирање. Хибридниот кросовер може да ја апсорбира не само кинетичката, но и топлинската енергија која ја излачува од агрегатот. Аналогниот систем се користи и од болидите во Формула 1.

Во зависност од нивото на опрема, хибридниот „RAV4“ ќе се нуди како со преден погон, така и со систем 4х4. Во вториот случај ќе се става електромотор на задната оска, кој ќе го помага движењето при лизгава подлога и поаѓањето од место. Моќноста на овој мотор е 68 КС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП