18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот седан Honda Civic (фото+видео)

Новиот седан Honda Civic (фото+видео)

honda-civic-01-1

Компанијата „Honda“ претпочита да ја претстави 10-тата генерација на седанот „Civic“ на специјален настан во Лос Анџелес, а не на меѓународниот саем во Франкфурт. Што всушност е целосно оправдано, бидејќи моделот е наменет претежно за американскиот пазар.

Седанот е изграден на нова платформа и добил нови бандажи и нов дизајн. Овој модел пораснал во димензиите во споредба со својот претходник, но во исто време е полесен за околу 30 килограми. Не е зголемена само должината, но и местото за нозете на патниците одзади, како и обемот на багажникот.

sedanica1

Возилото е со модернизирано ветробранска суспензија и со целосно ново позадинско. Освен тоа се користат различни стабилизатори, нов волан и помоќни сопирачки. Тврдоста на каросеријата при незгода е зголемена за 25%, што е постигната со употребата на висококвалитетен челик во нејзината конструкција.

На пазарот во САД седанот „Civic“ ќе се нуди со избор од два мотори. Топ верзијата е опремена со 1,6-литарски бензински турбо мотор со 175 КС, а тој ќе работи во комбинација со вариаторна трансмисија. Другата опција е 2,0-литарски атмосферски агрегат кој развива 160 КС, за кој е предвиден 6-брзински мануелен менувач.

sedanica2

Во опремата на новиот „Civic“ се вклучени „LED“ главни светла, мултимедијален систем кој работи со „Apple CarPlay“ и „Android Auto“, како и комплет за безбедност од електронски асистенти „Honda Sensing“, меѓу кои влегуваат систем за спречување на судир, функција за следење на лентата на движење и адаптивен „крус-контрол“.

Во САД клиентите на „Honda“ ќе добијат уште верзија купе, како и за прв пат хечбек со 5 врати. Се предвидуваат и две „жешки“ верзии – „Si“ и „Type R“. Сите тие сепак ќе излезат подоцна, додека продажбата на седанот ќе стартуваат уште во следниот месец.

sedanica3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП