Германскиот гигант BMW ќе подготви суперавтомобил, а за квалитетот во неговиот развој како партнер е избран англискиот производител „McLaren“. Преговорите започнале уште во јануари, а двете страни се доста блиску до потпишување на договор, пишува весникот „Car“ кој се повикува на свои извори.
Ако се оди според планот, возилото ќе се појави на пазарот во 2019-та година. Неговата прва јавна презентација е планирана за автосаемот во Франкфурт во 2017-та година, кога треба да биде прикажана концептуална верзија. Се планира се појавување на два автомобила – едниот под брендот „BMW“, а вториот како „McLaren“. Во основата и на двата ќе биде платформата од следната генерација на „McLaren 650S“, кој засега е познат со индексот „P16“.
Во оваа фаза баварците и нивниот иден партнер не сметаат на употребата на хибриден агрегат за моделот. Сепак суперавтомобилот најверојатно ќе добие електричен мотор, кој ќе овозможува зголемување на моќноста со околу 20 КС за краток временски период.
Двата модела ќе имаат идентична суспензија, управувачкиот систем и сопирачки механизми. Поставките сепак ќе бидат сосема различни, а со нив ќе се занимаваат инженерите на секоја од компаниите. Освен тоа германската верзија ќе добие друг дизајн, како и различен инструмент панел и електроника.
Ова не е прв заеднички проект помеѓу „BMW“ и „McLaren“. Германскиот производител го разви моторот за моделот „McLaren F1“. Тој беше опремен со 6,1-литарски V12 атмосферски агрегат. Во моментов баварците работат и над заеднички модели со „Toyota“, а се очекува тоа да бидат новите „Toyota Supra“ и „BMW Z4“.