26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООдредени казните за Ферги и Нани

Одредени казните за Ферги и Нани

Manchester United Training Session & Press Conference

Алекс Фергусон, тренерот на Манчестер Јунајтед е казнет од страна на УЕФА со 10.000 евра поради случувањата на натпреварот против Реал Мадрид.

Фергусон ги прекрши правилата на УЕФА кои налагаат задолжително појавување на тренерот на прес-конференцијата по завршување на еден натпревар во Лигата на шампионите. Сер Алекс Фергусон беше лут поради контроверзната одлука на турскиот судија Чакир кој според Фергусон, престрого го казни Португалецот Нани.

Фергусон потполно ги игнорираше новинарите во прес центарот и не даде никаква изјава по испаѓањето на неговиот тим од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Португалецот Нани доби еден натпревар забрана за настап, а причината за тоа е директниот црвен картон кој го заработи на истиот натпревар, откако стартуваше врз Арбелоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП