19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMansory подготви верзија на Huracan со 1250 К.С. (фото)

Mansory подготви верзија на Huracan со 1250 К.С. (фото)

hu mansory1

Ултимативна верзија на суперавтомобилот „Lamborghini Huracan“ ќе прикаже „Mansory“ на самиот старт на саемот во Франкфурт.

Само пред неколку месеци тунинг компанијата ја покажа верзија на моделот со 850 КС, а сега демонстрира нешто значително подобра.

 

hu mansory

Кај новата доработка, тјунерите поставија две турбини на 5,2-литарскиот V10 агрегат, а исто така се редизајнирани голем број компоненти во моторот и каросеријата.

Резултатот е „страшен“, моќ од 1250 КС. Вртежниот момент е електронски ограничен на 1.000 Nm. Што се однесува до динамиката, доработениот автомобил развива 100 км/час за само 2,7 секунди и може да развие 340 км/час.

hu mansory4

Моќта е добиена и со помош на оптички подесување. Новите компоненти се карбонски, а ја зголемуваат широчината на „Huracan“ за 30 мм напред и 40 мм позади.

Новите карбон елементи се полесни од оригиналните, а освен тоа ја подобруваат аеродинамиката и го оптимизираат ладењето на моторот и сопирачките, покажува информацијата.

hu mansory2

Внатрешноста доби исто така значително количество карбон, како и тапацир од алкантара. Се забележуваат и други промени, исполнети со цел ентериерот да наликува на кокпит на авион.

Сите детали за моделот, вклучувајќи ја цената, ќе бидат познати за време на премиерата во Франкфурт.

hu mansory5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП