4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСпортскиот Cadillac Escalade ќе е готов догодина

Спортскиот Cadillac Escalade ќе е готов догодина

sporti 33

Компанијата „Cadillac“ во април следната година ќе ја претстави првата спортска модификација на теренецот „Escalade“, пишува весникот „Motor Trand“. Машината ќе го добие додаток V кој е традиционален за спортските верзии на моделите на марката и ќе дебитира за време на автосаемот во Њујорк.

Досега со правењето на „надуените“ верзии на „Cadillac“ се занимаваше исклучиво тунниг-ателјето од Тексас, „Hennessey Performance“. Компанијата-производител сепак одлучи да го промени тоа и да создаде теренец кој ќе конкурира на модели како „Mercedes-AMG GL 63“ (557 КС).

Најсериозен кандидат за мотор на супер-теренецот е „V8“ моторот со зафатнина од 6,2 литри „LT4“ кој ќе работи со 8-степен автоматски менувач. Оваа комбинација се става на спортскиот седан „Cadillac CTS-V“ и на каросеријата „Chevy Corvette Z06“ кај кои се развива соодветно 640 и 650 КС. Се очекува и спортскиот „Escalade“ да располага со слична моќ. Ако тоа се случи, модификација ќе има за речиси 200 КС повеќе од стандардниот модел со 6,2-литарски мотор.

Одлуката на „Cadillac“ за создавање на ваков автомобил е и поради фактот дека главните конкуренти на „Escalade – Lincoln Navigator“, „Lexus LX 570“ и „Infiniti QX80“, не се нудат во спортски верзии. Се очекува супер-теренецот да се продава за 88.000 американски долари, што е за околу 30.000 долари повеќе од стартната цена на основниот модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП