5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus доби порачка за 28 авиони Eurofighter од Кувајт

Airbus доби порачка за 28 авиони Eurofighter од Кувајт

eurofajter

Конзорциумот „Eurofighter“, кој припаѓа на одбранбениот дел на концернот „Airbus“, успеа да обезбеди нарачка од неколку милијарди од регионот на Персискиот залив.

Компанијата објави дека склучила договор со Кувајт за продажба на 28 воени авиони. Од нив 22 ќе се со едно седиште, а шест се двоседи. Нема податоци за деталите на трансакцијата. Запознаени извори сепак оценуваат дека обемот е меѓу 7-8 милијарди евра.

„Ние го сметаме овој договор за силен пазарен сигнал за дополнителни нарачки за наредните неколку години“, изјави за „Ројтерс“ портпаролот на „Eurofighter“ Тиодор Бенин, додавајќи дека Данска, Белгија, Малезија, Индонезија и Саудиска Арабија се меѓу заинтересираните страни.

Авионите „Eurofighter“ се изработуваат во соработка со британската „BAE Systems“, „Airbus“ и италијанската „Finmeccanica“. Акциите на италијанскиот концерн поскапеа по објавувањето на веста за околу 5 отсто. Компанијата која држи 36% од програмата за „Eurofighter“, не беше отворена за коментар.

Извор од индустријата тврди дека „Finmeccanica“ ќе е водечки партнер во зделката за Кувајт и се очекува да добие околу 50% од нејзината вредноста.

Со договорот се обезбедува производство на авионите до барем 2020-та година. За инволвираните компании тоа би бил голем успех. Досега производителите губеа слични нарачки за сметка на конкурентите од САД, Шведска или Франција.

Во меѓувреме Кувајт продолжува со одделни преговори со американските власти за нарачка на 24 единици Boeing Co F/ A-18E / F Super Hornets – договор кој се проценува на повеќе од 3 милијарди долари, тврдат двајца извори, цитирани од агенциите.

„Секогаш постоела можноста за одделни трансакции“, вели еден извор, кој побарал да остане анонимен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП