13 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајпопуларното BMW слави јубилеј (фото+видео)

Најпопуларното BMW слави јубилеј (фото+видео)

10 milioni bmw 3

10-милионитиот примерок на седанот „Series 3“ слезе од производната лента во фабриката во Минхен

„Series 3 Sedan“ со 10 милиони примероци зад себе може да се пофали како најпродаван и најпопуларен модел на „BMW“.

Јубилејниот примерок беше склопен во фабриката во Минхен, Германија, објавија од „BMW“. Автомобилот е со сина боја (Imperial Blue), а е од модификацијата „320d LCI“.

Под капакот му е поставен 2,0-литарски „TwinPower Turbo“ дизел агрегат со четири цилиндри, кој развива 190 КС и 400 Нм. Со овој мотор седанот „Series 3“ забрзува од место до 100 км/час за 7,2 секунди и развива максимална брзина од 235 км/час.

Општо земено од пороизводните ленти слегоа над 14 милиони примероци на „BMW Series 3“, а повеќето од половина од нив се седани. Моделот се нуди уште во верзии караван, купе, кабриолет, „GT“ и други.

10 milioni bmw 31

Развој на „Series 3“ започна во далечната 1970-та година, а 5 години подоцна моделот е воведен на пазарот. Првично се појавува седанот, а малку потоа се додаваат и други модификации.

Фабриката во Минхен е објектот во кој се произведувале сите 6 генерации на моделот. Во моментов производствениот капацитет на овој погон е по околу 1.000 автомобили секој ден, а половина од нив се „Series 3“. Популарниот модел се произведува и во фабриките на „BMW“ во Регенсбург (Германија), Рослин (Јужна Африка) и Тиекси (Кина).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП