АВТОБИЗ

Opel ја откри новата Astra Sports Tourer (фото)

karavan astra

Откако во почетокот на летото го видовме целосно новиот хечбек „Opel Astra K“, сега од германската компанија открија слики и информации за верзијата комби.

По традиција овој модел го добива називот „Sports Tourer“, а ќе се појави пред публика за време на саемот во Франкфурт, каде што ќе биде демонстрирана и верзијата хечбек.

karavan astra1

Караванот ја користи истата нова платформа како хечбекот, благодарение на која е за околу 200 килограми полесна од својот претходник. Архитектурата обезбедува исто така повеќе простор во кабината и во багажникот.

karavan astra2

На пример багажникот веќе доаѓа со 80 литри поголем обем, а при симнувањето на задните седиште обемот достигнува најимпресивните 1630 литри, покажува информацијата. Достапен е додаток за автоматско отворање и затворање на 5-тата врата.

karavan astra3

Недостатуваат податоци за надворешни димензии на моделот недостасуваат, но се очекува дека должината и широчината се речиси слични со оние на претходниот модел. Сепак ентериерот нуди повеќе простор за нозете и главите на патниците, станува јасно од краткото соопштение.

karavan astra4

Палетата на мотори, најверојатно ќе биде идентична со онаа на хчебекот – бензински и дизел агрегати со моќност помеѓу 95 и 200 КС.

karavan astra5

Сите детали можеме да ги очекуваме во почетокот на следната недела.