25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрадежен институт Македонија сака да ја преземе Фабриката Карпош

Градежен институт Македонија сака да ја преземе Фабриката Карпош

namera04102012

Комисијата за хартии од вредност даде дозвола на Градежниот институт Македонија АД Скопје да ги откупи сите акции на Фабриката Карпош АД Скопје.

Комисијата за хартии од вредност информира дека понудата за откуп се однесува на 224.334 обични акции со право на глас издадени од Фабрика Карпош АД Скопје. Понудувачот се обврзува да ги откупи хартиите од вредност по цена од 180 денари за една акција. Градежен Институт Македонија АД Скопје на сметка на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје има депонирано паричен износ кој е потребен за плаќање на сите хартии од вредност на кои се однесува понудата.

Најмалиот број хартии од вредност што треба да се прифати, за понудата за откуп да се смета за успешна е  11  отсто  од вкупниот број обични акции со право на глас, односно 32.903 обични акции.

На седницата што се одржа вчера, со која претседаваше претседателот на Комисијата Елизабета Чингаровска, беа обновени и три дозволи за работење на инвестициски советник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП