Почнувајќи од 21-ви септември годинава, повеќе нема да се тргува со акциите на „HTC“ на водечката тајвански берза „FTSE TWSE Taiwan 50 Index“, соопштува локалната телевизија „Focus Taiwan“. Одлуката е на раководството на берзата, не на „HTC“.
Причината е падот на компанијата, која поради големите загуби и мрачните предвидувања за нејзината иднина веќе не ги исполнува критериумите за да биде во топ 50 на тајванската берза. Веста доаѓа неколку дена откако „HTC“ најави дека ќе отпушти 15% од вработените и во август ги има запишано најниските месечни приходи во последниве осум години.
„HTC“ во моментов уште го преживува реструктуирањето. Овој пат компанијата се обидува да се префокусира на смартфони од висока класа и умни додатоци. Покрај тоа ќе се обиде да се наметне и во сегментот на виртуелната реалност.
Акциите на „HTC“ се распадна со над 95% во однос на највисоката вредност во април 2011-та година. Само оваа година намалувањето е за 60%. Неодамна „HTC“ дури остана со помала пазарна капитализација, отколку што има готовина. За инвеститорите тоа значи дека брендот и средствата на „HTC“ се без вредност. За сега акциите на „HTC“ остануваат на индексот „FTSE TWSE Taiwan Mid-Cap 100“, кој претставува само околу 20% од пазарот во Тајван.