3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW го претстави новиот хибрид (фото)

BMW го претстави новиот хибрид (фото)

xe bmw

Нов хибриден модел претстави германската компанија „BMW“. Автомобилот е базиран на „Series 2 Active Tourer“, а батериите можат да се полнат на електрична мрежа.

xe bmw1

„BMW 225xe“ е името на моделот, а ја претставува најновата модификација на првиот автомобил во историјата на марката со преден погон – „Series 2 Active Tourer“.

xe bmw2

Хибридниот агрегат е составен од 1,5-литарски „TwinPower Turbo“ агрегат со три цилиндри, електромотор и комплет литиум-јонски батерии.

xe bmw3

Бензинскиот мотор развива 136 КС и 220 Нм, управуван на предните тркала, додека електричниот мотор со 88 КС и 165 Нм е поставен на задната оска. Оваа конфигурација обезбедува погон на сите четири тркала, обезбедувајќи му на моделот вкупна моќност од 224 КС и максимален вртежен момент од 385 Nm.

xe bmw4

На електрична енергија километражата достигнува 41 км, а во овој режим максималната брзина е 125 км/час. При полна моќ забрзувањето од 0 до 100 км/час трае 6,7 секунди, а максималната брзина достигнува 202 км/час. Просечната потрошувачка на гориво е во рамките на 2,0 – 2,1 l / 100 km, покажува официјалната информација од „BMW“.

xe bmw6

Полнењето на батериите на стандарден штекер трае околу 3 часа и 15 минути. Достапно е и брзо полнење, при што времето се сведува на малку повеќе од 2 часа.

xe bmw5

Хибридот „BMW 225xe“ ќе биде достапен на пазарот подоцна оваа година. Цените на моделот во Германија почнуваат од 37.800 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП