28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКој разочара на најновиот EuroNCAP тест? (видео)

Кој разочара на најновиот EuroNCAP тест? (видео)

kras test

Во последната серија испитувања на безбедносните карактеристики на новите модели на автомобили, се најдоа „Volvo XC90“, редизајнираната „Toyota Avensis“, новиот „Volkswagen Touran“, втората генерација на „Audi Q7“, „Mazda CX-3“, „Mitsubishi L200“, „Ford S-MAX/Galaxy“ и „Renault Kadjar“.

Очекувано, максималните 5 ѕвезди ги освоија „Volvo XC90“ и „Audi Q7“, но и двата модели на „Ford MPV“, кросоверот „Renault Kadjar“, „Toyota Avensis“ и „VW Touran“.

Новиот „XC90“ се покажа особено добро во сегментот за заштита на возрасни патници, пред се заблагодарувајќи се на стандардниот систем за автономно користење кој во посебен тест успеа да го запре возилото пред судар и така ги оправда максималните бодови заслужени во регуларниот дел од тестирањето.

kras test1

Од друга страна пак, „Audi Q7“ се покажа малку подобро во заштитата на деца-патници.

На изненадување, „Mazda CX-3“ и „Mitsubishi L200“, добија по 4 ѕвездички.

„Euro NCAP“ соопшти дека овие модели добиле по една ѕвездичка помалку од другите поради што ги немаат сите потребни безбедносни системи во стандардната понуда.

Во продолжение можете да ги погледнете најновите видео записи од тестовите на „EuroNCAP“:

Volvo XC90

Audi Q7

Toyota Avensis

Renault Kadjar

VW Touran

Ford Galaxy

Mazda CX-3

Mitsubishi L200

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП