6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJeep сериозно им се закани на Porsche и BMW

Jeep сериозно им се закани на Porsche и BMW

j srt 333

„Jeep“ започна со тестирање на неколку прототип на идниот екстремен модел „Grand Cherokee SRT Trackhawk“. Токму тој треба да се претвори во најбрзиот „SUV“ на планетата.

Од „Chrysler“ официјално го потврдија претстојното излегување на пазарот на верзијата „Grand Cherokee SRT Trackhawk“ и дури ја покажаа на своите дилери. Тоа изгледа како сериозна закана за најбрзите германски кросовери, благодарение на „V8“ моторот со зафатнина од 6,2 литри и моќност од 707 КС.

Истиот агрегат се наоѓа во „Dodge Charger SRT Hellcat“ и „Dodge Challenger SRT Hellcat“, а како што се очекуваше на „SRT Trackhawk“ моќта ќе биде намалена поради системот за погон на четири тркала.

Се тврди дека „Jeep Grand Cherokee SRT Trackhawk“ ќе забрзува од 0 до 100 км/ч за околу 3,9 секунди. Ова треба сериозно да им конкурира на „Porsche Cayenne Turbo S“, кој со своите 570 КС го прави истото за 4,1 секунди, како и „BMW X5 – 575 КС“ и забрзување од 0 до 100 км/ч за 4,2 секунди.

Сегашниот „Grand Cherokee SRT“ (на сликата), кој се потпира на атмосферски „V83 со зафатнина од 6,4 литри, располага со 470 КС, но заработува во однос на германските конкуренти со ниската цена. Се очекува и модификацијата „Trackhawk“, исто така да биде поевтина од директните ривали на пазарот.

Во „Chrysler“ планираат да користат максимален 6,2-литарски V8 мотор, чие производство ќе биде суспендирано во 2019-та година поради еколошките регулативи. Дотогаш агрегатот ќе се појави на „Chrysler 300C“, а се шпекулира дека Американците развиваат и го држат во тајност проектот под името „Cyclone“. Најверојатно тоа ќе биде верзија на кросоверот „Dodge Durango“ со истиот мотор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП