Фудбалскиот клуб Вест Хем во следните 99 години ќе го користи олимпискиот стадион во Лондон каде минатото лето се оддржаат Игрите.
„Чеканите“, кои исто така доаѓаат од Источен Лондон го финализираа договорот за најмување на објектот за кој подолго време претензии имаше и Тотенхем.
Клубот обезбеди 25 милиони фунти за да може стадионот да се претвори во чисто фудбалски објект. При тоа даночните власти во Велика Британија ќе платат 60 милиони фунти од вкупно 170 милиони кои се потребни за реконструкција на стадионот.
Вест Хем исто така треба да најде дополнителни 15 милиони фунти за да учествува во проектот.
Според договорот „чеканите“ ќе треба да плаќаат по 2 милиони фунти секоја година откога ќе се преселат на Олимпискиот стадион во август 2016-та година.
Според проектот стадионот ќе има капацитет од 60 илјади места, наместо досегашните 80 илјади. Тој ќе има систем со кој само за неколку дена ќе може да се претвори од фудбалски стадион во објект за атлетика. Дел од седиштата се во план да бидат над патеката за да може навивачите да се поблиску до теренот.