18 мај, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПНеделен хороскоп - 31.08.2015 до 06.09.2015

Неделен хороскоп – 31.08.2015 до 06.09.2015

nedelen-nedelen-horoskop-zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

 

ЉУБОВ: Неделата на љубовен план ќе биде прилично мирна и можеби малку досадна. Ќе имате светли моменти со партнерот, но се на се една убава тројка. Не се нервирајте поради тоа. И онака ќе бидете премногу зафатени со себе па ќе немате многу време за другите. Само полека, без бурни реакции.

РАБОТА: Оваа недела ќе имате мало откривање на себеси како работник. Ќе видите кои работи ви создаваат задоволство и што ве прави нервозни. Немојте веднаш сите нешта да им ги давате на увид на другите бидејќи не се сите добронамерни околу вас. Некои работи подобро е да ги задржите за себе.

ЗДРАВЈЕ: Прилично позитивна ситуација. Особено затоа што најмногу ќе размислувате за себе па повеќе внимание ќе му посветите на телото и исхраната.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

 

ЉУБОВ: Со насобраната сила во Девица, вашето соларно подрачје на љубов, романтиката, самоизразувањето и креативност е одлично, се чини дека целиот ваш досегашен труд се исплати. Ситуацијата во социјалниот живот која не ви се допаѓала ќе се заврти целосно во ваша корист па слободно уживајте во оваа недела без нималку грижа на совест.

РАБОТА: И во деловното поле ќе ви процветаат рози. Само на ова подрачје бидете повниметелни бидејќи никогаш не знаете кој љубоморно ве набљудува. Ќе бидете полни со енергија и внатрешо задоволство што значи дека ниту една задача нема да ви биде тешка или невозможна – ќе бидете подготвени за најтешките игри. Уживајте.

ЗДРАВЈЕ: Совршено.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

 

ЉУБОВ: Обидите за усогласување на деловниот и социјалниот живот би можеле да ве натераат на некои многу нагли и непромислени одлуки. Меркур ве предупредува дека најмногу ќе страда вашиот љубовен живот доколку дозволите непромисленост. Запомнете дека нередот во приватниот живот ќе ви донесе неред и на деловен план, па бидете повнимателни.

РАБОТА: Со оглед на големата поврзаност на приватниот и деловниот живот оваа недела би било најдобро кога би можеле одговорните работи да ги оставите на страна и да го работите она за што не ви треба премногу енергија за да успеете да го средите вашиот приватен живот. Откако ќе ги средите проблемите дома ќе можете да ја подобрите и работата. Полека.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со егзема или акни.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

 

ЉУБОВ: Сакате големи промени, но не се залагате доволно. Околината ве осудува за некои постапки во приватниот живот и најверојатно има право. Обидете се да се завртите кон семејството и блиските лица, тие се вашата поддршка.

РАБОТА: Не наседнувајте на големиот број на креирани муабети во вашата околина. Некој се обидува да ви наштети, а вие одмана сте ги прочитале неговите намери, па затоа не седете со скрстени раце делувајте и заштитете се.

ЗДРАВЈЕ: Одлично

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

 

ЉУБОВ: Ова е за вас чудна недела. Околу вас се некои луѓе кои ве поттикнуваат на расипнични начин на живот додека истовремено во вас расте потребата за поинтимно поврзување со партнерот. Убаво е да му подарувате скапоцени нешта на партнерот но тие нешта никогаш нема да можат да го заменат недостатокот на искрен разговор.

РАБОТА: Оваа недела ќе ви оди подобро планирањето отколку конкретизирањето на истите работи. Тоа не значи дека плановите нема да бидат добри, туку дека вие сеуште не сте подготвени за извршување на задачите кои сте си ги задале. Обидете се да работите на помали цели.

ЗДРАВЈЕ: Обрнете му малку повеќе внимание на здравиот начин на живот.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

 

ЉУБОВ: Проблематичен период исполнет со кавги и нервоза. Стрпете се и не донесувајте одлуки кои можат скапо да ве чинат. Побарајте совет од семејството и блиските пријатели. Откако ќе откриете дека некој крие некои нешта од вас ќе бидете премногу разочарани.

РАБОТА: Некои планови и желби кои сте си ги поставиле ќе биде потребно да почекаат малку. Нема да биде возможна реализацијата на повеќе работи одеднаш, па затоа наместо револтирано да реагирате завртете се кон помалите планови и желби.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

 

ЉУБОВ: Се наоѓате во проблематичен период во кој немате голем избор и принудени сте да постапите на начин кој не ви се допаѓа. Потребно е да имате малку поголема доверба во блиските лица.

РАБОТА: Се сомневате во одлуките на надредените лица и мислите дека кројат некој план зад вашиот грб. Потребно е повеќе да соработувате со колегите со цел побрзо да ги детектирате проблемите. Некој колега со љубомора ќе гледа на вашето напредување.

ЗДРАВЈЕ: Можни се главоболки

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

 

ЉУБОВ: Период во кој речиси не постои ден а да не настане кавга со партнерот. Сето тоа е минлив период и нема да ви создаде поголеми проблеми во иднина. Некој член од семејството ќе ви открие непријатна тајна.

РАБОТА: Подолг период не сте задоволни од развојот на настаните и од одложувањето на вашето напредување. Ситуацијата е малку тесна и не постои можност за подобрување во блиска иднина.

ЗДРАВЈЕ: Можни се непријатности предизвикани од убод на некој инсект.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

 

ЉУБОВ: Меркур предупредува на несигурност поврзана за лицата кои ви се важни во животот, како на деловен така и на приватен план. Веројатно ќе имате малку почетни проблеми во пристапот до крајот на неделата, па затоа намалете ги барањата.

РАБОТА: На деловниот план комплетна спротивност. Планетарната активност во полето на професијата, кариерата и деловната репутација упатува на совршенство. Нема да знаете која од многуте одлични понуди да ја одберете.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на хроничните здравствени проблеми.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

 

ЉУБОВ: Комуникацијата со блиските лица ќе биде поволна. Ќе имате нагласена љубомора која ќе ви го попречува патот слободно да комуницирате. Можеби ќе бидете принудени да ги промените плановите во врска со саканото лице.

РАБОТА: Најверојатно професионалното поле дополнително ќе ви го попречи патот во приватниот живот, бидејќи зголемениот обем на работа ќе ве спречи некаде да отпатувате и да бидете со партнерот. Не драматизирајте за сето тоа, едноставно прифатете го.

ЗДРАВЈЕ: Можна појава на болки во грлото, внимавајте на вирусите.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

 

ЉУБОВ: Веројатно ќе бидете принудени да се соочите со некои свои стравови и зависности кои ги забележал и вашиот партнер. Не ја игнорирајте подадената рака од блиските лица. Меркур ќе ви донесе намалена комуникација.

РАБОТА: Оваа недела, но и неколку следни недели не донесувајте важни деловни одлуки. Меркур ве прави збунети, неразумни и полни со неточни информации. Подобро посветете му се на истражувањето, но не ги заклучувајте работите.

ЗДРАВЈЕ: Отпорноста на организмот е послаба од вообичаено.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

 

ЉУБОВ: Вашата љубовна состојба ќе биде одлична но по малку чудна. Односите со блиските лица таинствен и полн со невистини. Нека не ве загрижува ситуацијата во семејството, ова е само минлив период.

РАБОТА: Постојано правите планови како најлесно да ги финиширате задачите. Колегите го следат вашиот напредок, а оние љубоморните не се мирни додека вие се искачувате по скалилата на успехот. Доколку некој вербално ве нападне, одговорете му дипломатски.

ЗДРАВЈЕ: Внесувајте повеќе витамини и минерали за да се заштитите од вируси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП