26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБиХ го слави Тука, „бронзениот“ на 800 метри

БиХ го слави Тука, „бронзениот“ на 800 метри

tuka 00

Амел Тука, атлетичарот од Босна и Херцеговина, на Светското првенство во Пекинг испиша историја, откако на својата земја и го донесе првиот медал од еден атлетски Мундијал.

Тука, во финалето на трката на 800 метри го освои бронзениот медал. Атлетичарот од БиХ кој во Пекинг допатува со најдобриот сезонски резултат и кој го имаше најдоброто време во полуфиналето, до бронзата стигна со време од 1:46.30 минути.

Првото место на 800 метри му припадна на светскиот рекордер Кениецот Давид Рудиша, кој во финалето трчаше 1:45.84 минути, додека сребрениот медал замина кај Полјакот Адам Кшчот (1:46.08 минути).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП