„Volkswagen“ одлучи да го одложи лансирањето на втората генерација на лимузината „Phaeton“, со цел да ги намали трошоците за производство и да ги намали набавките на материјали кои се користат во изработката на возилата, дознава „Autonews“.

Кога во 2002-ра се појави првата генерација, поранешниот претседател на „Volkswagen“, Фердинанд Пич, имаше идеа на пазарот да се понуди конкурентен автомобил во рангот на „Mercedes S-сlasѕ“.

Сепак, со цената од околу 90.000 евра, „Phaeton“ никогаш не успеа да привлече значителен број на купувачи. Покрај тоа, се проценува дека компанијата со секој примерок кој го продала измеѓу 2002-ра и 2012-та, бележела загуба од 28.000 евра.
Иако развојот на новата генерација е во финална фаза, изгледа дека „VW“ во секој случај не е подготвен за производство.

Најновите информации говорат дека раководството сака да ги налмали производните трошоци, па така автомобилот би имал пониска малопродажна цена и ќе биде подостапен за потенцијалните купувачи.
Оваа одлука не е изненадување со оглед на претходниот план на „Volkswagen“ да го зголеми профитот со намалување на трошоците и производството на возила.
Поголемо изненадување од тоа е што компанијата не се откажа од новата генерација, откако што Фердинанд Пич во април 2015-та си замина од функцијата претседател.