Авиокомпанијата Ер Србија во првата половина од годината остварила оперативни приходи од 95,5 милиони евра, што е раст од 29 отсто во однос на истиот период лани.
Вкупниот број на превезени патници во периодот од јануари до јуни 2015-та година зголемен е за 19 отсто и изнесуваше 1,12 милиони, се наведува во соопштението на компанијата.
Во првата половина од годината, Ер Србија го зголемила бројот на вработени за 269 нови професионалци.
Генералниот директор на Ер Србија, Дане Кондиќ оцени дека резултати во првата половина од 2015-та се многу добри дури и во споредба со охрабрувачките резултати од првите шест месеци од 2014-та, првата календарска година од работењето на Ер Србија.
Ер Србија започна да работи во октомври 2013-та година. Лета кон над 40 дестинации во Европа, Медитеранот и на Блискиот исток, а сопственици се државата Србија со 51 отсто удел и компанијата Етихад со 49 отсто.