17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAston Martin Lagonda е проценет на 1 милион евра (фото)

Aston Martin Lagonda е проценет на 1 милион евра (фото)

taraf

Основната верзија на ексклузивниот седан на „Aston Martin“ – „Lagonda Taraf“, во Велика Британија ќе стартува од 696.000 фунти (980.000 евра). Цената беше објавена на сајтот на британскиот дилер „HROwen“, но потоа беше отстранет, соопшти „Autocar“.

taraf 01

Ако бројките се вистинити, тоа значи дека „Lagonda Taraf“ ќе чини околу 2 пати повеќе од продолжената верзија на „Rolls-Royce Phantom“, чија цена изнесува 373.800 фунти. Три пати поефтин пак е „Bentley Mulsanne“, кој на Островот е оценет на 229.300 фунти.

taraf 02

Првично во „Aston Martin“ мислеа да го продаваат моделот „Lagonda“ само во земјите од Блискиот Исток, но подоцна компанијата ја промени тоа намера. Така луксузниот седан ќе се нуди уште во Велика Британија, неколку земји од континентална Европа, а исто така во Русија, Сингапур и Јужна Африка.

taraf 03

Автомобилот е изграден на платформата „VH“ на „Aston Martin“, а каросеријата е од карбон. Погонот е доверен на 5,9-литарски V12 мотор со моќност 565 КС. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч кај овој седан трае 5 секунди, а максималната брзина е 320 км/ч.

taraf5

Според претходните најави од моделот е предвидено производство на вкупно 200 примероци. Овој производител веќе стартуваше со нарачки за „Lagonda Taraf“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП