5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОКТА привремено го суспендира снабдувањето за Макпетрол

ОКТА привремено го суспендира снабдувањето за Макпетрол

makpetro 3030222

Рафинеријата ОКТА потврди дека привремено го суспендира снабдувањето на Макпетрол додека не биде нормализирана состојбата со банкарската сметка на нафтената компанија.

Притоа од ОКТА потенцираат дека не станува збор за прекинување на договорот за снабдување со Макпетрол, туку дека станува збор за времена мерка откако Судот ја замрзна сметката на Макпетрол по барање на Обвинителството кое отвори истрага по кривичната пријава на МВР против менаџментот.

МВР во четврток поднесе кривична пријава против против првиот човек на Макпетрол, Андреја Јосифовски и за уште 20 други лица, членови на Управен одбор, членови на надзорен одбор, одговорни во Централниот регистер, Централниот депозитар за хартии од вредност и Комисијата за хартии, кои се товарат за „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во реакцијата на компанијата се наведува дека Макпетрол работи законски и дека пријавата е тенденциозна и неоснована.

Дел од медиумите наведуваат дека бензинските пумпи на Макпетрол, кои се најбројни во држвата имаат залихи за само неколку дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП