26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHyundai запиша светски рекорд кај водородните модели

Hyundai запиша светски рекорд кај водородните модели

norvezani rekord

Компанијата „Hyundai“ постави светски рекорд меѓу водородните автомобили, откако неговиот кросовер „ix35 Fuel Cell“ совлада 2383 километри за едно деноноќие. Така теренецот постигна просечна брзина од 100 км/ч.

Постигнувањето беше остварено од двајца Норвежани, Арнт-Горан Хартвиг ​​(консултант во областа на спортот) и физичарот Мариус Борншејн. Тие избраа траса со должина од 300 километри од станицата за полнење во Хамбург до Берлин. Растојанието беше извозеното 8 пати, а секое полнење на кросоверот траеше околу 3 минути.

Во минатата година водородниот „ix35“ постави уште еден рекорд, откако со едно полнење измина 700 километри. Тогаш автомобилот за 10 часа помина пат во Норвешка, Шведска и Данска, запишувајќи просечна брзина од 76 км/ч.

Водородниот „Hyundai ix35“ е управуван од електромотор со моќност од 136 КС и комплет литиум-јонски батерии од 24 kW/h. Енергијата за нив доаѓа по хемиска реакција меѓу водород и кислород. Според документи со едно полнење кросоверот може да измине 594 километри.

Европската продажба на „Hyundai ix35 Fuel Cell“ започнаа во 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП