21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTрадицијата е важна: Ексклузивно Porsche 911 Targa

Tрадицијата е важна: Ексклузивно Porsche 911 Targa

targa 333

„Porsche 911 Targa“ зазема посебно место во историјата на германскиот производител. Новата верзија на овој автомобил покажува колку традицијата е важна за компанијата од Штутгарт.

„Porsche“ ја претстави специјалната „Exclusive Mayfair“ серија на моделот „911 Targa 4S“, како посвета на познатата трка „Targa Florio“.

Оваа трка се одржувала на кривулестите патишта на Сицилија во периодот од 1906-та до 1977-ма година, на патеката долга 72 km.

Германскиот производител има победено девет пати, а оргиналната верзија на моделот „911 Targa“ од 1965-та е испирирана токму од ова натпреварување.

Серијата „Mayfair“ изобилува со ретро детали, меѓу кои се класичните црни бандажи со пет краци и карактеристичниот дезен на навлаки.

Од „Porsche“ не ги објавија спецификациите на погонскиот систем, но автомобилот чие производство е ограничено на само 10 примероци би требало да биде опремен со 3.8-литарски шестцилиндарски мотор кој стандардно се вградува во моделот „911 Targa 4S“.

Моторот развива 400 ks (294 kW) и 440 Nm максимален вртежен момент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП