28 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Fiat Aegea го споредуваат со мебелот на IKEA

Новиот Fiat Aegea го споредуваат со мебелот на IKEA

aegea 33

Новото семејство „Fiat Aegea“ што треба да го замени моделот „Linea“, ќе биде практично и едноставно, но и доста модерно – токму каков што е мебелот на „IKEA“. Ова го изјави извршниот директор на „Fiat“ – Оливие Франсоа, во интервју за „Automotive News“.

Топ-менаџерот откри дека „Aegea“ ќе излезе на пазарот кон крајот на годината. Според неговите зборови наследникот на „Linea“ ќе ги претставува основните принципи на шведскиот производител на мебел – модуларен дизајн, едноставност, отсуство на непотребни функции, современост и најсовремената технологија.

„Ние ќе понудиме достапен, но истовремено „паметен“ автомобил. Тој нема да биде пренатрупана со опции за кои купувачите не сакаат да плаќаат“, објасни Франсоа.

Иако „Aegea“ ќе биде глобален модел, а за различни пазари тој ќе нуди со различни типови каросерија и опрема. Во Западна Европа, на пример, нема да има седан, бидејќи слични автомобили не се бараат. Клиентите на Стариот континент ќе избираат помеѓу хечбек и караван, кои ќе ги заменат „Bravo“ и „Stilo Multiwagon“.

Во исто време на пазари како што се Бразил, каде „Fiat“ продолжува да е лидер во продажбата, ќе се нуди многу поевтина верзија на новиот модел. Таму сепак барањата за околината на новите автомобили не се толку сурови како во Европа.

Производството на „Fiat Aegea“ ќе биде насочено во Бурса (Турција), каде Италијанците имаат фабрика. Новиот модел ќе се нуди со избор од 4 мотори со моќност меѓу 95 и 120 КС, чија потрошувачка на гориво нема да надминува 4 л/100 км.

Главните конкуренти на „Aegea“ на пазарите ќе бидат достапните верзии на „Ford Focus“, како и „Renault/Dacia Logan“, „Skoda Rapid“ и други.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП