10 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛицата со проблематична кожа треба да ги избегнуваат овие состојки

Лицата со проблематична кожа треба да ги избегнуваат овие состојки

lice-490x489

Иако мислите дека и одговараат на вашата кожа, не сте свесни колку грешите…

Алкохол

Иако во бројните производи за проблематична кожа има алкохол, експертите велат дека лицата со проблематична кожа и затнати пори треба да го избегнуваат. Алкохолот ја суши кожата што резултира со силно лачење на себум кој доведува до запушување на порите.

Совет: користете нежни производи за чистење на лицето кои не содржат алкохол.

Кокосово масло

Кокосовото масло многу жени го користат за коса и кожа, но за проблематичната кожа овој производ не се препорачува воопшто бидејќи ги запушува порите. Подобро е да го користите во исхраната – тоа така ќе му помогне на вашето здравје и изглед.

Алги

Производите со алги делуваат лековито и нежно, но никако не се соодветни за кожата со мозолчиња и затнати пори бидејќи само ќе ја влошат состојбата. Добро прочитајте ја декларацијата на производот кој го купувате и избегнувајте ги натписите како што се „Ascophyllum“ и „Ulva lactuca“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП