6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБадемите го намалуваат апетитот и масните наслаги и го чуваат вашето срце

Бадемите го намалуваат апетитот и масните наслаги и го чуваат вашето срце

bademi8888

Кој не сака да грицка бадеми? Само една шака бадеми е совршен дневен меѓуоброк кој ќе ве заштити од многу болести.

Овие јаткасти плодови се богати со протеини и хранливи материи кои помагаат да го намалите апетитот, да го намалите насобраното масно ткиво и да го зачувате срцето.

Бадемите се богати со мононезаситени масти и витамин Е, а совршени се за луѓето на кои им се заканува дијабетес, со оглед на тоа што тие го регулираат нивото на глукоза во крвта.

Исто така, полни се со минерали меѓу кои е и манганот, кој е клучен за јаки коски и регулирање на шеќерот во крвта, како и магнезиум, кој е неопходен за функционирање на органите, мускулите и нервите, контрола на глукозата и регулирање на крвниот притисок.

„Резултатите на оваа студија ќе ни помогнат да го унапредиме нашето сфаќање за здравствените придобивки од бадемите, како дел од здравата исхрана“, изјави доктор Карен Лепсли, водич на тимот кој ја изработи студијата.

Студијата опфати 24.808 луѓе постари од 19 години и докажа дека јадењето бадеми има големи здравствени придобивки кај нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП