1 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад на акцијата на Twitter за над 10 отсто поради бавниот раст...

Пад на акцијата на Twitter за над 10 отсто поради бавниот раст на корисници

twi 3

Компанијата Twitter во вториот квартал од годината работела со помала загуба и значително поголеми приходи во однос на истиот период лани, но цената на акцијата на социјалната мрежа падна за над 10 отсто поради бавниот раст на бројот на корисници.

Приходите на Twitter во вториот квартал достигнале 502 милиони долари, што е раст од 61 отсто на годишно ниво. Притоа приходите од огласување се зголемиле за 63 отсто, на 452 милиони долари.

Благодарение на тоа, загубата на компанијата е намалена на 136,7 милиони долари, додека во истиот период лани загубата изнесувала 144,6 милиони.

Иако финансиските резултати на социјалната мрежа се подобри од очекувањата на аналитичарите, цената на акцијата на Twitter во вторникот на Волстрит падна преку 10 отсто.

Ова се должи на слабиот раст на бројот на активни месечни корисници на социјалната мрежа. Во второто тромесечје изнесувале 304 милиони, а во претходното 302 милиони. Тоа е најбавен раст на бројот на корисници од јавната понуда на акции на компанијата во 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП