12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКварталниот профит на Thomson Reuters ги надмина очекувањата

Кварталниот профит на Thomson Reuters ги надмина очекувањата

thomsonreuters1

Меѓународната медиумска групација „Thomson Reuters“ пријави вчера квартален профит поголем од очекуваниот, бидејќи нејзината најголема филијала прв пат од 2011 година, евидентирала раст на приходите.

Силниот долар ги загрозил приходите на компанијата, а колебливоста на валутите ќе има поголемо влијание на годишните резултати отколку што се очекуваше, објаснуваат од „Thomson Reuters“ и потсетуваат дека силниот долар ја намалува вредностa на приходите во странство кога тие ќе се претвораt во американската валута.

Нето профитот на компанијата во вториот квартал изнесувал 281 милион долари или 33 центи по акција, во споредба со 260 милиони или 31 цент по акција во истиот период минатата година, пренесува агенцијата Ројтерс.

Приходите се намалени за четири проценти на 3,04 милијарди долари, но кога ќе се исклучи валутното колебање тие пораснале за два проценти. Таквите приходи се под прогнозите на аналитичарите од Волстрит, кои очекуваа 3,07 милијарди долари.

Во најголемата филијала на „Thomson Reuters“, „Financial & Risk“ приходите пораснале за еден процент, што е најдоброто работење на ова одделение од 2011 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП